Реал Мадрид, покрај веќе договорениот трансфер на Џуд Белингем од Борусија Дортмунд, планираат уште едно засилување од Бундеслигата, Муса Дијаби од Баер Леверкузен, кој би требал да го замени Еден Азар, кој ќе биде продаден, тврди „Марка“.
23-годишното десно крило, Дијаби има импресивна сезона под новиот тренер Чаби Алонсо, и Леверкузен сигурно ќе бара барем 50 милиони евра за неговиот трансфер, бидејќи тој има договор до 2025 година.
Од друга страна, во Мадрид се сигурни дека ќе се „ослободат“ од своето најлошо засилување во последната деценија, Еден Азар, кој има само девет настапи за тимот на Карло Анчелоти оваа сезона.