Top Sport

Реал го сака Мбапе, но не во зимскиот преоден рок

Реал Мадрид има намера да го реализира трансферот на Килијан Мбапе, но тоа нема да се случи во зимскиот преоден рок. Намерата на првиот човек, на „кралскиот клуб“, Флорентино Перез е Мбапе бесплатно да се пресели во Мадрид.

Договорот на Мбапе со ПСЖ истекува на 30.јуни 2022 година. Според правилата, тој од 1.јануари може да преговара со заинтересираните клубови и да потпише преддоговор.

Реал, две години се обидува да го заврши трансферот на Мбапе. Минатото лето, кога фудбалерот одби да го продолжи договор со ПСЖ, Реал понудија пари за неговиот трансфер, но „светците“ одбија да преговараат.

Мбапе од почетокот на сезоната има одиграно 16 натпревари, седум пати бил стрелец и забележа 11 асистенции.

Scroll to Top