Top Sport

Дончиќ има проблем со коленото и зглобот

Најдобриот играч на Далас Маверикс, Лука Дончиќ, поради повреда ќе пропушти најмалку еден натпревар во НБА лигата.

22-годишен Словенец, се повреди пред два дена, во текот на натпреварот со Денвер Нагетс. Во еден дуел со Остин Роверс, Дончиќ ги повреди зглобот и коленото на десната нога.

Поради повредата, Дончиќ сигурно ќе го пропушти вечерашниот натпревар со Финикс Санс, а веројатно нема да игра против истиот ривал и два дена подоцна.

Дончиќ од почетокот на сезоната го предводи Далас во три статистички категории. Во просек по натпревар бележи 24,9 поени, 8,3 скока и 7,9 асистенции.

Далас Маверикс имаат скор од девет победи и четири порази.

Scroll to Top