Бенфика ја одбиле понудата од 80 милиони евра што од Реал Мадрид ја понудиле за вундеркиндот Жоао Феликс. Истата сума на пари за Феликс минатата недела понудиле и од Атлетико Мадрид.
Медиумите пренесуваат дека Реал подготвиле интересна понуда за клубот и за фудбалерот. Флорентино Перез понудил 80 милиони евра и опција 19 годишниот Феликс да остане и наредната сезона во Бенфика.
Од друга страна, понуда вредна 80 милиони евра испратиле и од Атлетико, но според медиумите тоа е само почетен обид на „јорганџиите“ да го донесат талентираниот фудбалер.
Наводно тие биле подготвени да ја исплатат откупната клаузула, која е вградена во договорот на фудбалерот, а која изнесува 120 милиони евра.
Овие пари Атлетико ќе ги обезбеди од трансферот на Антоан Гризман.
Сепак, челниците на португалскиот шампион ќе се обидат да ја зголемат цената за Жоао Феликс. Тие биле подготвени да му понудат нов договор, во кој клаузулата за откуп би изнесувала 200 милиони евра.