Top Sport

Бразилецот Роналдо одбра топ 5 фудбалери што ужива да ги гледа!

Луис Назарио де Лима – Роналдо направи своја листа од 5 играчи во чија игра ужива. Интересно е дека на таа листа го нема португалскиот Роналдо, Кристијано.

Првото место на списокот му припаѓа на Лионел Меси.

„Меси, се разбира, тој е број еден, Мислам дека ќе требаат 20-30 години да видиме играч кој поседува талент како него“ – рече за шпански „АС“ Бразилецот.

По аргентинскиот фудбалски ас, Роналдо ги наброја имињата на четворицата фудбалери кои обожува да ги гледа како играат.

„Сакам да ги гледам Мохамед Салах, Еден Азар, Нејмар, но и Килијан Мбапе“ – рече Роналдо.

Посебно се задржа на најмладиот во одбраното друштво, Французинот Мбапе.

„Многумина велат дека потсетува на мене на теренот, дека е брз, има добра завршница и сјајно движење, одлично игра со двете нозе, има долг чекор. Имаме доста сличности, но никогаш не сум ги сакал споредувањата, посебно не на играчи од различни генерации“ – рече Роналдо.

Scroll to Top