По три години минати во Реал Мадрид без ниту еден настап за првиот тим на клубот, Такефуса Кубо го напушта клубот. Јапобецот ќе потпише договор со за Реал Сосиедад.
Реал го продаде 21-годишниот крилен напаѓач за 6,5 милиони евра, но и задржаа 50 отсто од правата над него, кои подоцна можат да ги продадат и на тој начин да заработат дополнителни пари.
Јапонскиот репрезентативец денеска ќе ги мине медицинските тестови во својот нов клуб, а по нив и официјално ќе стане играч на Реал Сосиедад. Тој ќе го потпише договорот до крајот на јуни 2027 година.
Кубо, во периодот додека беше под договор со Реал Мадрид, како позајмен играч играше во Виљареал, Хетафе и Мајорка.