Шпанските медиуми тврдат дека има драматичен развој на настаните околу иднината на Кристијано Роналдо, откако Реал Мадрид решија да ја намалат неговата клаузула за раскин на договорот од 1.000 милиони евра на „само“ 120 милиони евра, со што заминувањето станува пореално.
Според „Марка“, ова „спуштање“ е договорено уште на почетокот на февруари, и клаузулата нема да се однесува на Барселона (поради големото ривалство) и на Пари Сен-Жермен (поради нивните пари), кои би требало да ја платат целата сума ако се заинтересирани за Португалецот.
Според „ОК дејли“, пред финалето на Лигата на шампиони во Киев, три клубови од Премиер лигата (Манчестер сити, Арсенал и Челси) и еден од Серија А (Милан) му соопштиле на агентот на Роналдо, Жорге Мендеш, дека се подготвени за трансфер за 120 милиони евра и годишна плата од 40 милиони евра. Според овој извор, Роналдо веќе ја направил конечната одлука да замине од Реал поради неисполнетите ветувања околу подобрувањето на условите на неговиот договор со „Лос бланкос“.
Фото: ЕПА