Најдобриот стрелец на Светското првенство во 2014 година, Хамес Родригез, по завршувањето на сезоната ќе го напушти Реал. Клубот ја одредил цената за 28 годишниот репрезентативец на Колумбија.
Хамес Родригез за 80 милиони евра по Светското првенство во 2014 година од Монако се пресели во Реал. Колумбиецот во Мадрид не успеа да го покажа своите неспорни квалитети. Ниту тренерите, особено Зидан немаа доверба во неговите квалитети.
Поради тоа Родригез две сезони беше на позајмица во Баерн Минхен. Минатото лето се врати во Мадрид, но досега има одиграно само 13 натпревари за Реал.
Родригез во летниот преоден рок може да го напушти „Сантијаго Бернабеу“ за 40 милиони евра.
Шпанските медуми веќе пишуваат дека сериозен интерес за неговите услуги покажале челниците на Валенсија, на чело со газдата Питер Лим.