Немилите сцени и инцидентите што се случи на денот на одигрувањето на финалето, на Лигата на шампионите, се уште се тема во фудбалскиот свет. Шест дена по освојувањето на 14.титула во Купот/Лигата на шампионте со соопштение се огласи Реал Мадрид.
Од „Сантијаго Бернабеу“ до УЕФА испратија неколку прашања на кои бараат да им биде одговорено. Реал и УЕФА една година се во „војна“ поради Суперлигата, од која „кралскиот клуб“, заедно со своите партнери Барселона и Јувентус не сака да се откаже.
„Со оглед на немилите настани што се случија на 28.мај во близина на влезот на „Стад де Франс“, вклучително и внатре во стадионот, Реал Мадрид сака да го каже следново во одбрана на нашите навивачи кои беа жртви на овие настани:
1. Сакаме да дознаеме кои биле причините да се одреди местото на финалето и кои критериуми се земени во предвид со оглед на тоа што се случи.
2. Бараме и одговори и објаснувања кои ќе утврдат кој е одговорен што ги остави навивачите без помош и одбрана. Навивачи чие однесување во секое време беше примерно.
Разбираме дека она што требаше да биде голем фудбалска празник за сите навивачи кои присуствуваа на натпреварот, всушност се претвори во немили настани, кои предизвикаа длабока огорченост ширум светот.
Како што може јасно да се види на снимките објавени и во медиумите, многу фанови беа насилно нападнати, малтретирани и ограбени. Некои настани се случиле и кога се возеле во автобуси и автомобили, каде што се плашеле за својата безбедност. Некои дури мораа да преноќат во болница поради повредите.
Фудбалот му пренесе на светот слика која е далеку од вредностите и целите кон кои секогаш мора да се стремиме.
Нашите навивачи заслужуваат одговори на овие прашања и разјаснување на релевантните одговорности за да се искоренат од фудбалот и спортот воопшто ситуации како оние што се случија во финалето“, се вели во соопштението на Реал Мадрид.