Младиот фудбалер на Реал, Франко Мастантуоно, до крајот на преодниот рок веројатно ќе се пресели на позајмица во некој друг клуб, каде што ќе собира искуство.
Бенфика се споменува како голем фаворит за неговиот потпис.
Мастантуоно има само 18 години и не успеа да се избори за повеќе минути откако пристигна од Ривер Плата за вртоглави 45.000.000 евра.
Со доаѓањето на Јан Диоманде од Лајпциг, тој дополнително ќе ја засили конкуренцијата на позицијата десен крилен напаѓач. Затоа Реал и Жозе Мурињо сакаат да му најдат клуб каде што би играл редовно.
Покрај Бенфика, заинтересирани се и Фулам и Фиорентина, но португалскиот клуб има предност бидејќи игра во европските натпреварувања.
Реал верува дека позајмицата би можела да има ефект сличен на оној од престојот на Ендрик во Лион минатата сезона, каде што Бразилецот доби минути за развој и имаше добри настапи.
Foto/ Depositphotos
