Реал Мадрид во летниот преоден рок ќе мора да продаде играчи во вредност од 300 милиони евра за да ги избегне проблемите со финансискиот фер-плеј (ФФП), пренесеува „АС“. Според нивните сознанија клубот планира да потроши на нови играчи 400 милиони евра, а за да ги испочитуваат правилата од ФФП, од продажбата на фудбалери ќе мора да зарабоат 300 милиони евра.
„АС“ наведува дека новиот тренер Зинедин Зидан за сезоната 2019/2020 нема да смета на услугите на 13 фудбалери од ростерот кој минатата сезона ја заврши на третото место во Ла Лига.
Тоа се: Кејлор Навас, Хесус Валјехо, Серхио Регилон, Тео Ернандес, Маркос Љоренте, Лукас Силва, Дани Себалјос, Матео Ковачиќ, Џејмс Родригез, Герет Бејл, Мариано Дијас, Раул де Томас и Борха Мајормал.
Реал во пресрет на новата сезона веќе ги ангажира Лука Јовиќ од Ајнтрахт, Еден Азар од челси и Едер Милитао од Порто.