Top Sport

Реал Мадрид без Бензема на Ел Класико?

Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема е неизвесен за Ел Класико, мегадуелот против Барселона, кој е закажан за утре. Одличниот Французин го повреди мускулот на ногата на натпреварот со Мајорка во понеделникот и оттогаш тренира одвоено од тимот. Медиумите во Шпанија му даваат само 40% шанси да игра на најголемото дерби во Ла Лига, а можеби и воопшто во светот на фудбалот.

Неговото отсуство би било огромен проблем за „кралскиот клуб“. Бензема и оваа сезона доминира, тој е најдобар играч на тимот со 32 гола на 34 натпревари.

Во пресрет на дербито, Реал е лидер во шампионатот со 66 бода, десет повеќе од второпласираната Севилја. Барселона е на трета позиција со 15 бода заостанување зад Реал Мадрид.

Scroll to Top