Капитенот на Реал Мадрид, Дани Карвахал (34), го напушта клубот на крајот од сезоната.
„По 23 години, од кои 13 во првиот тим, клубот и играчот се согласија да ја прекинат соработката, затворајќи едно од најуспешните поглавја во историјата на клубот“, објави Реал Мадрид.
Во официјално соопштение, Реал Мадрид изрази благодарност и восхит кон, како што велат, една од најголемите легенди на клубот и светскиот фудбал. Карвахал е еден од само петте играчи во историјата на фудбалот кои освоиле шест европски шампионски титули, а беше дел од тимот што го одбележа еден од најбрилијантните периоди во историјата на клубот.
Карвахал се приклучи на Реал Мадрид во 2002 година и го носеше дресот на клубот 23 сезони – десет во младинската академија и тринаесет во првиот тим, исклучок е сезоната 2012/2013 кога беше позајмен во Баер Леверкузен.
Освои 27 титули: шест во ЛШ, шест Светски клупски првенства, пет Европски суперкупови, четири титули во Ла Лига, две Купови на кралот и четири Шпански суперкупови.
Има освоено еден ртрофеј помалку од клупскиот рекордер, Лука Модриќ.
Одигра вкупно 450 натпревари за првиот тим, постигна 14 гола и забележа 65 асистенции. Играше 51 пат за шпанската репрезентација, освојувајќи го Европското првенство во 2024 година и Лигата на нации во 2023 година.
Претседателот на клубот, Флорентино Перез, исто така, се збогува со капитенот, кој ја нагласи важноста на Карвахал за клубот.
Реал Мадрид им посака на Дани Карвахал и неговото семејство се најдобро во новото поглавје од нивните животи. Церемонијата на збогување ќе се одржи оваа сабота на стадионот „Сантијаго Бернабеу“, пред последниот натпревар од сезоната против Атлетик Билбао.
Foto/ Depositphotos
