Реал Мадрид ќе биде без голманот Тибо Куртоа на претстојното Ел Класико, објави „Марка“. „Кралевите“ ќе бидат значително ослабени за мегаудлеот против Барселона в недела. И покрај напорите да се опорави од повредата на ‘рбетот, сепак, белгискиот интернационалец нема да може да им помогне на соиграчите.
Куртоа денеска се уште имал големи болки во ‘рбетот и лекарите препорачале да мирува и да продолжи со терапија.
На голот на Реал Мадрид ќе биде украинскиот голман Андреј Лунин, за кого ова ќе биде прво Ел Класико во кариерата како стартер. Тој беше на голот и на изминатите неколку натпревари по повредата на Куртоа.