Top Sport

Реал Мадрид го раскинува договорот со Еден Азар, а тој ќе стави крај на кариерата

Реал Мадрид донесе одлука да го раскине договорот со Еден Азар, една година пред истекот, објавија шпанските медиуми. Белгискиот интернационалец е на прагот да решение да стави крај на кариерата.

Еден Азар дојде како огромно засилување од Челси во 2019 година, но никогаш не успеа да заигра на такво ниво во дресот на „кралевите“. Долго се мачеше и со повреди и не ја врати поранешната форма.

Реал Мадрид комплетно ќе му ја исплати последната година од неговиот договор, но ќе го раскине ова лето. Тренерот Карло Анчелоти оваа сезона речиси и да не му даде шанса да настапи на теренот.

 

Scroll to Top