Top Sport

(ВИДЕО) Интер со триумф против Торино зема залет за финалето на ЛШ

Интер го победи Торино со 0:1 во последниот натпревар од Серија А оваа сезона. „Нероаѕурите“ во моментот се на втората позиција со 72 бода, но прашање е дали ќе ја задржат со оглед дека Лацио кој има бод помалку, вечерва му гостува на Емполи во последното коло.

Сепак, сега избраниците на Симоне Инзаги максимално се фокусираат на финалето на Лигата на шампионите против Манчестер Сити, кое ќе се одигра на 10 јуни во Истанбул.

Хрватот Марсело Брозовиќ беше стрелец на победничкиот гол за Интер на овој дуел. Тој постигна погодок во 37.минута, на асистенција на Лукаку.

 

Scroll to Top