Top Sport

Реал Мадрид ќе биде без Модриќ во финалето на Кралскиот куп

Лука Модриќ нема да игра во финалето на Купот на Кралот за Реал Мадрид, пишува „Марка“. Капитенот на хрватската репрезентација се повреди на последниот натпревар против Џирона и ја напушти играта. Прегледите покажале дека се работи за повреда на мускулот на левата нога.

Хрватот сигурно ќе ги пропушти првенствените натпревари против Алмерија и против Реал Сосиедад, а речиси е невозможно да игра и против Осасуна во финалето на Купот на Кралот, кое е закажано за 6. мај.

„Една недела пред финалето на Купот на Кралот и 11 дена пред првиот меч со Манчестер Сити (9 мај), загриженоста за Модриќ е максимална бидејќи тој е клучен играч во тимот на Карло Анчелоти. Кога е здрав, местото на Модриќ во првиот тим на Реал на големите натпревари е несомнено“, истакнува „Марка“.

Scroll to Top