Top Sport

Реал Мадрид нуди голема размена за да го добие Влаховиќ

Арсенал сѐ уште е најголемиот фаворит да го доведе српскиот интернационалец Душан Влаховиќ, но во трката се вклучува и Реал Мадрид. „Кралскиот клуб“ веќе подготвил понуда за Јувентус, а таа би вклучувала голема размена.

Реал Мадрид е подготвен во трансферот да го вклучи и Антонио Рудигер, германскиот репрезентативен стопер. Тој веќе некое време е желба на Јувентус, а неговата пазарна вредност се проценува на 40 милиони евра.

Влаховиќ веќе извесно време се мачи со повреда, па откако се врати во Торино по Мундијалот, на три првенствени натпревари нема забележано ниту една минута.

Scroll to Top