Реал Мадрид, иако лани не освои ниту еден трофеј, е освојувач на шпанскиот Суперкуп, откако дури по изведувањето на пенали го совладаа градскиот ривал Атлетико Мадрид, откако во 120 минути двата тима не успеаја да постигнат гол.
Мечот се играше во Џеда, Саудиска Арабија, откако оваа година Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ) покани четири екипи (Атлетико, Реал, Барселона и Валенсија) на натпреварувањето, и во финалето играа двете екипи кои лани не освоија трофеи.
Реал имаше повеќе од играта во текот на регуларните 90 минути, но не успеа да најде пат до голот на Облак, додека Атлетико беше многу опасен при контрите, предводени од Жоао Феликс. Во финишот на натпреварот, Федерико Валверде доби црвен картон за бруталниот старт над Алваро Мората, кој сепак на крајот се покажа како клучен спречувајќи шанса Атлетико да дојде до водство. Откако и по двете продолженија немаше победник, на ред дојдоа пеналите.
Тука далеку поумешни се покажаа фудбалерите на Реал Мадрид, додека за Атлетико Саул и Томас налетаа на расположениот Тибо Куртоа на голот и ги промашија двата обиди. Дани Карвахал, Родриго, Лука Модриќ и прикладно капитенот Серхио Рамос во четвртиот обид беа прецизни за „кралскиот клуб“, за годината на Зинедин Зидан да му почне со трофеј.
This Valverde foul won real madrid the final. Real need to give valverde a pay raise pic.twitter.com/a50mdnJZfK
— Wesley (@WesleyL10) January 12, 2020
El penal de Sergio Ramos y la celebración del Real Madrid. ⚪️
CAMPEONES. ⚪️? pic.twitter.com/6FugystKq2
— CRACKS (@cracks_oficial) January 12, 2020