Top Sport

Реал Мадрид подготвува милијарда евра за трансфер на Мбапе

Импресивниот настап на Килијан Мбапе на последното Светско првенство го поттикна Реал Мадрид да размисли за уште еден обид да го ангажира, тврди „Газета дело Спорт“. Шпанскиот клуб е подготвен да потроши неверојатна една милијарда евра за да го реализира овој трансфер.

Во оваа сума се вклучени очекуваните плати на Французинот за период од четири сезони – вкупно околу 630 милиони евра. За трансферот ќе треба да се одвојат најмалку 150 милиони евра, што изнесува вкупно близу 800 милиони евра. Сигурно ќе им требаат многу повеќе пари за провизии, па затоа на „Бернабеу“ грубо пресметале дека треба да одвојат една милијарда европски банкноти.

Мбапе веќе имаше договор за слободен трансфер во Реал пред почетокот на сезоната, но се откажа и потпиша нов договор со Пари Сен Жермен. Новиот договор е со важност до летото 2024 година, со опција за уште 12 месеци.

Европскиот клупски шампион се надева дека најдобриот стрелец на Светското првенство ќе размисли за заминување од Лига 1 следното лето, кога ќе има уште една година од договорот.

Scroll to Top