Top Sport

Челси го претстави новиот технички директор

Англискиот премиерлигаш Челси денеска го назначи Кристофер Вивел за нов технички директор.

Вивел дојде од Лајпциг, каде ја координираше и целокупната стратегија за формирање на тимот во пошироката фудбалска групација Ред Бул, се вели во соопштението на Челси.

Вивел претходно помина пет години во сестринскиот клуб Салцбург како шеф на скаутинг службата, а претходно беше и скаут на првиот тим во Хофенхајм.

„Челси го гради највозбудливиот проект во светскиот фудбал и јас сум исклучително горд што му се приклучувам на клубот. Има толку многу потенцијал клубот да продолжи да успеси, да се развива и да расте. Под новото раководство, менаџерот Грем Потер и поширокиот спортски тим, постои јасна и одржлива филозофија заснована на анализа на перформанси, податоци и иновации и со нетрпение очекувам да бидам дел од неа“, изјави Вивел.

Scroll to Top