Според „ЕСПН“, Реал Мадрид се обидуваат да склучат два клучни договори следното лето, носејќи ги Ерлинг Халанд и Килијан Мбапе во обид да ги искористат финансиските проблеми на Барселона и да ги добијат двајцата млади фудбалери за кои „плачат“ пола богати европски клубови.
Реал не успеаја во трансферот од 200 милиони евра за 23-годишниот Мбапе од Пари Сен-Жермен минатото лето, и се очекува тој да пристигне на „Сантијаго Бернабеу“ како слободен играч по крајот на договорот, а исто така веруваат дека се во предност во трката за 21-годишниот Халанд од Борусија Дортмунд и покрај конкуренцијата од големите клубови од Манчестер и Пари Сен-Жермен.
Четири фудбалери кои заработуваат екстремни плати во Реал Мадрид (Герет Бејл, Иско, Лука Модриќ и Марсело) остануваат без договор на крајот на сезоната, и претседателот Флорентино Перез смета дека клубот е подготвен за ваква „авантура“ за создавање на нови „Галактикоси“.
Халанд ќе побарува најмалку 35 милиони евра годишна плата ако си замине од Дортмунд, а Реал исто така ќе треба да ја платат и клаузулата во неговиот договор со Борусија на висина од 75 милиони евра.
Барселона вообичаено би претставувала прва пречка за вакви договори, но откако во септември објавија дека имаат долгови од 1.35 милијарди евра, невозможно е да се натпреваруваат на пазарот на играчи.