Реал Мадрид продолжува со купувањето играчи. По дефанзивецот Едер Милито, „Кралевите“ дополнително ја засилуваат одбраната. На „Бернабеу“ доаѓа левиот бек на Олимпик Лион, Ферлан Менди.
„Марка“ пишува дека цената која Реал ја платил за дефанзивецот е 55 милиони евра.
Тренерот Зидан ќе мора да ја зацврсти одбраната пред се поради најавите за заминување на капитенот Рамос, но и поради очајната сезона на Бразилецот Марсело.
Еден Азар и Пол Погба се голема желба на Зидан. Додека преминот на Белгиецот од Лондон во Мадрид е речиси завршена работа, преговорите за купувањето на Погба од Јунајтед е на мртва точка.