Искусниот италијански репрезентативец, Џорџо Кјелини, би можел да се пресели во Мадрид. Еден од хероите на Италија, на Европското првенство, е слободен играч и нема да го продолжи договорот со Јувентус.
„Калчомеркато“, тврди дека тренерот на Реал, Карло Анчелоти, би сакал да го види во својот тим 36-годишниот дефанзивец.
Реал во овој преоден рок остана без Серхио Рамос, а веројатно во наредните денови клубот ќе го напушти и Рафел Варан.
Анчелоти сметал дека Кјелини со своето искуство би го надоместил заминувањето на Рамос.
„Калчомеркато“, објави дека Реал на Кјелини му понудиле едногодишен договор.