Top Sport

Серена во полуфинална пресметка со Гергес

Серена Вилијамс го продолжи „походот“ кон осма титула од Вимблдопн и 24. од гренд слем турнирите, откако загуби сет, но ја победи Италијанката Камила Џорџи за пласман во полуфиналето.

Вилијамс, која се врати за 3:6/6:3/6:4 победа на „Централниот терен“, сега игра со Германката Јулија Гергес, која исто така се врати од сет негатива за 3:6/7:5/6:1 победа над Холанѓанката Кики Бертенс.

52-рангираната Џорџи немаше освоено сет во трите претходни дуели со Серена, но имаше супер прв сет со повеќе директни победнички топки и асови од Американката. 36-годишната Вилијамс, која се врати на гренд слем тенисот на Ролан Гарос минатиот месец откако во септември се породи со својата прва ќерка, го крена нивото во вториот сет, за да ја обезбеди победата.

Во второто полуфинале кај дамите ќе играат Германката Анџелике Кербер и Летонката Јелена Остапенко, две поранешни гренд слем шампиони.

Фото: ЕПА

Scroll to Top