Лудиот летен преоден рок има потенцијал стане уште полуд во последните два дена, откако повеќе извори јавуваат дека Реал Мадрид ја зголемиле понудата за Килијан Мбапе на неверојатни 200 милиони евра, и дека сега ПСЖ конечно ќе мора да реши дали ќе „искешира“ на својата ѕвезда или следното лето ќе го пушти на слободен трансфер.
Двете претходни понуди на „кралевите“ беа одбиени – првата од 160 милиони евра, и втората од 170 милиони евра плус 10 милиони евра бонуси и според „Л’Екип“ очекуваат одговор од ПСЖ во наредните неколку часови, бидејќи подоцна тешко дека ќе може да се завршат потребните обврски бидејќи Мбапе треба да се појави со француската репрезентација во седиштето во Клерфонтен.
22-годишниот Мбапе вчера постигна два гола за 2:0 победата на гости кај Ремс, по што на социјалните мрежи се пофали дека се работело за „совршена“ ноќ, зголемувајќи ги шпекулациите дека ќе остане во Париз, пред да дојде оваа мега-понуда на Реал.
Доколку се оствари, ова би бил вториот најголем трансфер во историјата, по тој на Нејмар од Барселона во ПСЖ од 222 милиони евра, и би се надминала сумата од 180 милиони евра која ПСЖ ја платија на Монако да го купат Мбапе.
Real Madrid are considering raising their offer for Kylian Mbappe to €200m in the next two hours.
— Sky Sports News (@SkySportsNews) August 30, 2021