Реал Мадрид ја губат надежта дека Пари Сен-Жермен ќе го продадат Килијан Мбапе ова лето, и покрај тоа што француската ѕвезда има договор кој завршува следната година и ова е последна шанса да „искешираат“ на вториот најскап фудбалер на сите времиња.
Француското радио „РМЦ“ во понеделникот објави дека ПСЖ може да го пуштат Мбапе да си избере клуб, но Реал Мадрид, кои уште немаат официјална понуда за 22-годишниот Французин, не веруваат дека постои промена во ставот на богатиот ривал.
И покрај вестите дека Мбапе има јасна намера да замине од ПСЖ и дека планира да го продолжи договорот, во Париз сметаат дека ако го пуштат во Реал, ќе го засилат најголемиот ривал за титулата во Лигата на шампионите. Бидејќи во клубот нема поголема француска ѕвезда, за нив е екстремно важно Мбапе да биде во тимот, дури и тоа да значи заминување бесплатно следната сезона.
Според „РМЦ“, ПСЖ му дале и четврта понуда за нов петгодишен договор на Мбапе, со која тој би заработувал неверојатни 35 милиони евра по сезона, но откако тој ја одбил нема да има следна понуда.