Фудбалерите и навивачите на Реал Мадрид не заборавија на својот поранешен капитен, Икер Касилјас, праќајќи му порака за брзо опоравување по срцевиот напад кој го имаше голманот на Порто.
На 1 мај, Касилјас, голман на Реал од 1999 до 2015 година, на тренинг на Порто доби срцев удар, по што најверојатно ќе стави крај на кариерата.
Пред мечот со Вилјареал, тимот на Зинедин Зидан се фотографираше со маички на кој пишуваше: „Икер сите се со тебе“, додека на главната трибина се појави банер со голманот со порака: „Мадридизмо е со тебе. Сила за Икер, вечниот капитен“.
When Casillas was our goalkeeper there was no empty seat on Bernabéu #RealMadridVillarreal pic.twitter.com/IJv7kQRfXw
— hazzalouis ♡ (@hazzaLouis3) May 5, 2019
?? These are the t-shirts the team will wear before kick-off in support of @IkerCasillas! #FuerzaIker pic.twitter.com/ejJZkSHl2U
— Real Madrid C.F. ???? (@realmadriden) May 5, 2019