Top Sport

Реал нема да игра на „Сантијаго Бернабеу“

На 11 јуни со градското дерби Севилја-Бетис ќе продолжи сезоната во Ла Лига. Реал Мадрид во недела ќе игра против Еибар. Претседателот на клубот Флорентино Перез потврди дека преостанатите натпревар на домашен терен клубот нема да ги игра на „Сантијаго Бернабеу“ туку во клупскиот тренинг центар.

Еден од најпознатите светски стадиони се наоѓа во фаза на реконструкција. Додека траеше суспeнзијата започнаа работите, а веќе неколку дена се менува тревникот на стадионот.

Реал своите натпревари ќе ги игра во клупскиот тренинг центар на стадионот „Алфредо Ди Стефано“ со капацитет од околу 5.000 места.

Перез истакнал дека покрај работите кои се одвиваат на „Сантијаго Бернабеу“ причината за ваквата одлука е и економска. Клубот на овој начин значително ќе ги намали трошоците.

Scroll to Top