Top Sport

Реал очекува „жешко лето“

Најтиражниот шпански спортски весник „Марка“ очекува летниот преоден рок да мине во знакот на менаџерот Мино Рајола. Весникот кој секогаш го поддржува Реал Мадрид открива дека Рајола тројца свои играчи ќе донесе на „Сантијаго Бернабеу“.

„Марка“ најавува дека три супер-ѕвезди летово ќе пристигнат во Реал, тоа се Пол Погба, Матијас Де Лихт и Ерлинг Халанд.

Трансферот на Погба е актуелен уште од минатото лето. Реал не успеа да ги продаде Хамес Родригез и Герет Бејл поради што трансферот на Погба пропадна.

Халанд е откритие на сезоната, блескаше во Салцбург, а добрата форма ја пренесе и во Дортмунд. Реал очајнички бара голгетер каков што беше Кристијано Роналдо. Во прилог на ова оди и изјавата на таткото на Халанд кој изјави дека неговиот син одлично би се снашол во Шпанија.

Конечно „Марка“ открива дека изминатите неколку дена во седиштето на Реал често се дискутирало за Де Лихт.

Проблем за овој трансфер сигурно ќе претставува обесштетувањето, Јувентус би го продале Холанѓанецот за 150 милиони евра.

Scroll to Top