Top Sport

Олимпискиот пламен е повлечен од јавноста

Јапонците го повлекоа од јавноста олимпискиот факел пламен пандемијата со коронавирусот. Олимписките игри во Токио се одложени и ќе се одржат во 2021 година.

Олимпискиот пламен пристигна во Јапонија од Грција на 26 март. Тој требаше да биде изложен во Фукушима до крајот на април. Поради пандемијата тој е повлечен од јавноста и сега се наоѓа во Токио.

Не е познато дали повторно ќе биде изложен.

„Пламенот ќе се чува на непозната локација. Мораме да ги спречиме луѓето да се собираат“, се наведува во соопштението на организаторите на Игрите.

Интернационалниот олимписки комитет ќе го преземе пламенот како симбол на борбата против коронавирусот.

Олимписките игри во Токио ќе се одржат наредната година од 23 јули до 8 август.

Scroll to Top