Top Sport

Сега е дефинитивно – Јуве-Интер во недела

„Дерби д’Италија“, фудбалското дерби меѓу Јувентус и Интер дефинитивно ќе се оддржи во недела, исто како и мечот Милан-Џенова по откажувањето поради ситуацијата со корона вирусот во Италија.

Шесте мечевите кои беа одложени минатата недела се презакажани за 8 и 9 март по паниката во Италија со корона вирусот, од кој починаа 107 луѓе, а над 3.000 луѓе се заразени. Покрај овие дерби-мечеви, тука се и дуелите Парма-СПАЛ, Удинезе-Фиорентина, Сасуоло-Бреша и Сампдорија-Верона.

Лега Серија А прво планираше мечевите да се играат во среда на 13 мај, со што ќе се случеше презакажување на финалето на Копа Италија за 20 мај, но сега конечно се потврди дека Милан-Џенова ќе се игра во 15.00 часот, а Јуве-Интер во 20.45 часот.

Секако, сите натпревари ќе се играат без присуство на публика по декретот на италијанската влада до 3 април да нема гледачи на спортските натпреварувања.

Scroll to Top