Top Sport

Реал по пенал-серијата преку Валенсија за пласман во финалето на шпанскиот Суперкуп

Реал Мадрид стигна до тешко извојувана победа на пенали над Валенсија за пласман во финалето на Шпанскиот Суперкуп, во интересен дуел на раскараниот „учител“ и „чирак“ на клупите на двата клуба – Карло Анчелоти и Џенаро Гатузо.

По регуларните 90 минути во Ријад, Саудиска Арабија, беше 1:1, резултат кој остана и по двете продолженија, пред во пенал-серијата, „кралевите“ да бидат хируршки прецизни, додека Валенсија утна два пенали. Во финалето, Реал го пречекува подобриот од мечот помеѓу Барселона и Реал Бетис, кои своето полуфинале го играат утре.

Реал стигна до водство во 39. минута, кога беше досуден пенал за „кралевите“, а Карим Бензема беше прецизен од белата точка, но само што почна второто полувреме, Бразилецот Самуел Лино постигна убав гол за израмнување. Тимот на Гатузо, потоа успеа да одолее на сите напади на фаворизираниот Реал до крајот на полувремето, а и во двете продолженија за да примора пенали.

Меѓутоа, во пенал серијата, Ерај Комерт во втората серија го утна целиот гол, за обидот на Хозе Гаја да заврши во рацете на Тибо Куртоа. За Реал прецизни беа Бензема, Модриќ, Крос и Асенсио.

Scroll to Top