Реал Мадрид во летниот преоден рок подготвува спектакуларен трансфер тврдат шпанските медиуми. Според овие извори претседателот на клубот Флорентино Перез го сака во тимот играчот на Јувентус Матијас Де Лихт.
Во Реал се во потрага по фудбалер кој ќе може да го замени капитенот Серхио Рамос, претседателот Перез смета дека тоа може да биде Де Лихт.
Наводно Реал би издвоил 100 милиони евра за да го реализира овој трансфер.
21 годишниот Холанѓанец минатото лето се пресели во Јувентус за речиси 80 милиони евра.
Де Лихт сезонава има одиграно 28 натпревари, постигнал два гола.