Реал Мадрид ќе го засили нападот во летниот преоден рок, тврди „Марка“. Карло Анчелоти побарал да му го донесат напаѓачот на Лил, Џонатан Дејвид.
Менаџерот на репрезентативецот на Канада, неодамна изјави дека неговиот клиент ја игра последната сезона во Лига 1. Дејвид, во 2020 година, од Гент се пресели во Лил. Актуелниот шампион на Франција за неговиот трансфер издвои 30.000.000 евра.
„Марка“, не дава информација, колку пари Реал се подготвени да понудат за Дејвид.
Доколку Реал успее да го донесе Дејвид, тоа значи дека двајца напаѓачи ќе си заминат од клубот. Станува збор за Маријано Дијаз и Лука Јовиќ.