Top Sport

Сплит нема да биде домаќин на А-групата на ЕП во ракомет?

Хрватска од 12 до 28 јануари в година ќе биде домаќин на Европското првенство во ракомет. Првенството ќе игра во четири града. И додека во Загреб, Вараждин и Пореч сѐ е подготвено за континенталниот шампионат, домаќинството на Сплит е доведено под прашање и можно е Хрватите, групата во која се Хрватска, Шведска, Србија и Исланд, да ја преместат во Осиек.

ЕХФ од Хрватска бара до 22 ноември да ја достави листата на градовите домаќини со потврда дека сите сали ги исполнуваат условите за организација на ЕП. Пореч, Загреб и Вараждин се подготвени, но во Сплит реализацијата на проектот воопшто не е започната.

Проблем се финансиите, односно сума од некои 20.000 евра.

„Спаладиум арената“ како компанија се наоѓа во стечај, а објектот само повремено се става во функција. Внатрешноста е сочувана, до најголемиот дел на салата и околината и понатаму е големо градилиште, на кое со години ништо не се случува.

Градот Сплит се обврзал дека финансиски ќе ја помогне организацијата на ЕП за „Спаладиум арената“ да биде целосно во функција за натпреварите во групата. Но, на терен работите не одат и се е далеку од реалноста.

Двонеделна организација на ЕП (закуп на салата, греењето, одржувањето, електричната енергија, интернетот…) според пресметките ќе чини 137.610 евра. Тука влегува и сумата за средувањето на фасадата и интервенција во семафорот, кој во моментот не ги исполнува стандардите на ЕХФ.

Градот Сплит понудил да плати 118.872 евра, што значи дека организаторот се наоѓа во пат-позиција за сума од 20.000 евра. Доколку домаќинот во наредните 48 часа не најде решение, тогаш Сплит би можел да ја загуби организацијата на натпртеварите во А-групата, а таа би била префрлена во Осиек.

На Европското првенство учествуваат 16 репрезентации, меѓу кои е и Македонија. Македонската репрезентација своите натпревари ќе ги игра во Загреб, а противници во групата ќе ѝ бидат Германија, Црна Гора и Словенија.

Scroll to Top