Top Sport

Реал сака да го донесе Габриел Жесус

Раководството на Реал ги крои плановите за летниот преоден рок. Шпанските медиуми пренесуваат дека една од метите на „кралскиот клуб“ е напаѓачот на Арсенал, Бразилецот Габриел Жесус.

Минатото лето, Жесус, од Манчестер сити се пресели во редовите на Арсенал во трансфер вреден 52 милиони евра.

Оттогаш на 16 натпревари во Премиер лигата постигна пет гола и имаше шест асистенции.

Жесус, имаше одредени проблеми со повреди оваа сезона, но неодамна се врати на теренот.

Претседателот на Реал, Флорентино Перез во него гледа достојна замена за искусниот Карим Бензема, исто така може да игра и на крилните позиции.

Жесус е стандарден репрезентативец на Бразил. За националниот тим настапи на 59 натпревари и постигна 19 голови.

Scroll to Top