Top Sport

„Макс го измисли проблемот со менувачот“

Втората трка во сезоната, Големата награда на Саудиска Арабија, Макс Ферстапен ја заврши на второто место. Холанѓанецот во Џеда стартуваше од 15.позиција, на крајот пред него беше само тимскиот колега Серхио Перез.

Ферстапен, во квалификациите имаше проблеми со менувачот, поради што не возеше во втората квалификациска сесија. Тој пријави дека има проблем со менувачот.

Истиот проблем го пријави и во финишот на трката, кога беше пет секунди зад Перез.

Легендата на Формула 1, Еди Џордан не верува дека Холанѓанецот имал вистински проблем и додава дека тоа го направил за да изгледа подобро во очите на сите што ја следеле трката.

„Мислам дека Макс ја преувеличи приказната за менувачот за на крајот да изгледа добро. Апсолутно сум убеден дека пред да излезе му беше кажано дека ако Чеко ја води трката и тој е на пол-позицијата, тогаш не смее да оди во претекување. Тоа е моето гледиште. Да го водам тимот, токму тоа би го направил и би им го кажал уште пред да тргнат на патеката. Не треба да си Ајнштајн за да го сфатиш тоа. Сметам дека Макс даде пристоен изговор, а тоа беше менувачот“, вели Џордан.

Scroll to Top