Top Sport

Реал со минимална победа во „малото“ мадридско дерби кај Хетафе

И покрај кризата со повреди, Реал Мадрид успеа да стигне до 0:1 победа на гостувањето во мадридското предградие кај Хетафе, за да се вратат на првото место на табелата пред големото дерби против Барселона.

Човек вреден три поени за тимот на Карло Анчелоти беше Едер Милитао, кој уште во третата минута беше најснаодлив пред голот на Хетафе за клучно водство за „кралевите“. Ова беше совршена прослава на 100. меч на Бразилецот во дресот на Реал Мадрид. По ова следуваше крајно цврст меч, во кој Реал не искористи повеќе шанси да ја запечати победата, но на крајот си заминува дома со важни три поени.

Реал сега имаат 22 поени на првото место на табелата, три повеќе од Барселона, која утре го пречекува тимот на Селта Виго, додека Хетафе се на 16. место со само 7 поени.

Scroll to Top