Top Sport

Самп на Станковиќ со поен во дебито на клупата против тимот на стариот пријател Тијаго Мота

Болоња и Сампдорија, предводени од двајца поранешни соиграчи од Интер, Тијаго Мота и Дејан Станковиќ, одиграа 1:1 во последниот саботен меч од Серија А, кој претставуваше деби на српскиот тренер во италијанската Серија А.

Болоња дојде во водство преку Николас Домингез во 32. минута од мечот, пред Филип Ѓуричиќ да израмни во 72. минута од мечот носејќи му поен на својот српски сонародник Станковиќ на клупата.

На двата клуба им треба итно кревање на формата ако сакаат да осигураат опстанок во лигата – Болоња се на 17. место со 7 освоени поени, додека Самп останува на последото место со само 3 поени по девет одиграни кола.

Scroll to Top