Реал го доби градското дерби со Атлетико 3:1 и ја презеде втората позиција во Ла Лига. Тимот на Сантијаго Солари, ја забележа првата победа на „Ванда Метрополитно“ и водено на Атлетико му го нанесе вториот пораз во низа.
Реал одигра тактички беспрекорен натпревар против индиспонираниот противик и максимално ги искористи своите шанси. Брилијантен меч одигра 18-годишниот Винисиус Жуниор кој во првиот дел сееше паника по десната страна и успеа да избори пенал по кој Реал поведе со 2:1.
Првиот гол на мечот го постигна Каземиро во 16 минута. Бразилецот со ножички го совлада Облак откако остана сам на десет метри од противничкиот гол.
Десет минути подоцна израмни Гризман, а голот беше потврден откако судијата Естрада го консултираше ВАР.
Видео-асистентите „работеа“ и во 42 минута кога беше доседен пенал за Реал, по стартот на Хименез врз Винисисус. Серхио Рамос потоа ја врати предноста на страната на Реал.
Уште еднаш ВАР-системот се огласи во 65 минута кога Мората постигна гол за Атлетико. ВАР-от го поништи голот.
Конечниот резултат го постави Бејл во 74 минута.
Реал со овој триумф го мина Атлетико на табелата. „Кралевите“ имаат 45 бода, еден повеќе од градскиот ривал.