Top Sport

Реал внимателно ја следи ситуацијата со ТАА

Реал Мадрид будно ја следи ситуацијата околу Трент Александер-Арнолд (25) од Ливерпул. Англискиот десен бек има уште една година од договорот со клубот, а барем досега нема напредок во преговорите околу новиот договор.

Ливерпул не планира да го продаде, а играчот се уште не ја коментирал ситуацијата.

Реал ја користи можноста да се обиде да го намами да дојде ова лето. Според „Трансфермаркт“, Англичанецот вреди 70 милиони евра.

Реал планира да ги освежи бековските позиции. Извесно е дека нов лев бек ќе биде Алфонсо Дејвис, а Трент би дошол на местото на ветеранот Дани Карвахал.

Фактот дека Јирген Клоп сигурно ќе си замине од Ливерпул на крајот на сезоната му оди во прилог и на Реал.

Александер-Арнолд е производ на академијата на Ливерпул, досега има одиграно 302 натпревари за клубот. Постигна 18 гола и запиша 82 асистенции. Тој важи за еден од најдобрите десни бекови во светот.

Scroll to Top