Откако го договори Жозе Мурињо за нов тренер, а во дефанзивната линија нови играчи се Дензел Дамфрис и Ибрахима Конате, претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез е подготвен да повлече нов потег.
Во пресрет на претседателските избори во Реал Мадрид, кои се одржуваат во недела, каде што Перез ќе се соочи со противникот Енрике Рикелме, актуечниот претседател објави дека подготвил 150 милиони евра за ново засилување.
Шпанските медиуми тврдат дека станува збор за играчот од средниот ред на ПСЖ, Жоао Невеш.
„Во вторник ќе му испратам понуда на врвен клуб за извонреден играч. Ќе понудам 150 милиони евра, што ќе биде највисоката сума што Реал Мадрид некогаш ја платил“, рече Перез.
Тој се обиде да остане мистериозен. „Никогаш нема да погодите за кого станува збор“, рече тој, додавајќи дека целта не е Михаел Олисе, Ерлинг Халанд или кој било фудбалер од англиската Премиер лига.
Сепак, шпанските медиуми веднаш го открија идентитетот на играчот за кого Перез ќе ја испрати најголемата понуда во историјата на клубот.
„Флорентино Перез ја испраќа оваа понуда за Жоао Невеш“, тврди шпанската новинарка Аранча Родригез.
Станува збор за 21-годишниот Португалец, кој игра брилијантно во дресот на ПСЖ. Тој пристигна во Париз во летото 2024 година од Бенфика за 66 милиони евра, а со неговото доаѓање треба да започне нова ера во средниот ред на Реал. Овој централен играч за врска одигра 97 натпревари за ПСЖ, постигна 14 гола со исто толку асистенции.
Foto/ Depositphotos
