Top Sport

Реал за пет минути ја реши Селта

Реал Мадрид ја победи Селта со 2:0 во последниот меч од саботната програма во Примера. Реал ја намали предноста на Барселона на осум бода. Барса утре во дербито на колото ќе го пречека Атлетико Мадрид.

Реал во комбиниран состав лесно излезе на крај со гостите од Виго. До победата екипата на Карло Анчелоти дојде во интервал од само пет минути. Блескаше Марко Асенсио, тој го постигна првиот гол во 43.минута, а во 48. му аситираше на Едер Милитао кој го постави конечниот резултат.

Scroll to Top