Top Sport

ЛА Лејкерс и Мајами поведоа на Истокот, Феникс стигна до трет триумф

Мајами и ЛА Лејкерс дојдоа до предност од 2-1 во победи против Милвоки, односно против Мемфис и направија голем чекор кон полуфиналето на Истокот.

Мајами го доби Милвоки со 121:99, а домашните кошаркари беа домининтни во текот на целиот натпревар. Најефикасен во победничкиот тим беше Џими Батлер со 30 поени.


Лос Анџелес Лејкерс ја добија првата четвртина со неверојатни 35:9 против Мемфис и на крајот стигнаа до триумф од 111:101. Ентони Дејвис уфрли 23 поени кај домаќинот, а залудни беа 45 поени на Џа Морант за Мемфис.

Феникс поведе со 3-1 во серијата против ЛА Клиперс, откако забележаа гостинска победа од 100:112 во четвртфиналето на Западот. Дурент со 31 поен и Букер со 30 поени беа предводници кај гостите, додека најефикасен на теренот беше Расел Ветсбрук.

Scroll to Top