Top Sport

Солскјер: Дојде време Рашфорд да се фокусира на фудбалот

Оле Гунар Солскјер го пофали Маркус Рашфорд за својата социјална работа, но му порача дека е време да го стави фудбалот на прво место при камбекот на фудбалските терени.

23-годишниот англиски репрезенативец денеска може да го има првиот меч од сезоната против Лестер откако беше на операција на рамото во текот на летото. Рашфорд беше награден од кралицата Елизабета Втора минатата година поради неговата работа за сузбивање на детската сиромаштија, а исто така беше прогласен за почесен доктор на Универзитетот во Манчестер.

„Знам дека ќе го видиме најдоброто од Маркус во иднина. Тој направи неверојатни работи во својата младост, но сега доаѓа во најдобрите години за фудбалер и секогаш учи и добива искуство. Дојде време да се посвети на фудбалот бидејќи има предизвик тука во Манчестер јунајтед, и во англиската репрезентација, а знам дека Маркус не бега од предизвици. Секако, ќе му дадеме време да се врати во топ-форма“, вели Солскјер.

Scroll to Top