Top Sport

Буфон доби дрес од синот на Малдини

Ветеранот Џиџи Буфон по синоќешниот натпревар со Милан во Купот на Италија дома се вратил со вреден сувенир. Буфон добил дрес од синот на поранешниот соиграч на голманот во репрезентацијата на Италија Паоло Малдини, Даниеле.

Паоло веќе долго време е пензионер, сега е спортски директор на Милан, додека 18 годишниот Даниеле неодамна дебитираше за сениорскиот тим на „црвено-црните“.

По мечот Буфон се шегувал дека често се среќава на теренот со синовите на поранешните соиграчи.

„Во својата колекција има дресови од Киеза и синот, Беа и синот, Тирам и синот, а сега и од Малдини и неговиот син. Ги чекам нивните внуци“, рекол легендарниот голман.

Scroll to Top