Анте Ребиќ постигна два гола за Милан двапати да се враќа и да стигне до 3:2 победа над Удинезе за кревање на моралот на навивачите на „росонерите“.
А почна кошмарно на „Сан Сиро“ – уште во шестата минута, голманот Џиџи Донарума прави несфатлива грешка и гостите стигнуваат до лесно водство. И покрај тоа што Златан Ибрахимовиќ е стартер за „росонерите“, домаќините не успеаја до крајот на полувремето да стигнат до голот.
Потоа на сцена стапи Анте Ребиќ – Хрватот кому му се предвидуваше заминување во зимскиот преоден рок во 48. минута израмни на 1:1, за Тео Ернандез во 72. минута конечно да ги донесе Милан во водство. Меѓутоа, славјето не траеше долго – Кевин Лазања во 85. минута го совладува Донарума, пред Ребиќ во последните моменти од мечот во 93. минута да ги донесе трите поени за Милан.
Милан се осми со 28 поени по победата, додека Удинезе се на 13. место со 24 поени.