Top Sport

Прекин на натпреварот и евакуација во Мемфис

Натпреварот помеѓу Мемфис Гризлис и Милвоки Бакс, во НБА претсезоната, завршил порано од планираното. Во арената се вклучил против пожарниот аларм, поради што навивачите морале да ја напуштата салата.

Играчите, најпрвин биле спроведени во соблекувалните, а откако станало јасно дека натпреварот нема да продолжи и тие биле евакуирани надвор од арената.

Од Мемфис информирале дека никаква опасност не им се заканувала на оние кои биле во арената, но поради протоколите морале да реагираат пожарникарите.

Натпреварот е прекинат на почетокот на последната четвртина при резултат 87:77 за Мемфис. До тој момент најефикасен на теренот бил бекот на Мемфис, Џа Морант, со 27 поени, шест скока и четири асистенции.

Scroll to Top