Top Sport

Ред Бул купува руски прволигаш

Компанијата Ред Бул планира да го прошири своето фудбалски кралство со купувањето на фудбалскиот клуб Уфа, пишува „Спорт-Експрес“. За овој клуб покрај Ред Бул се борат и сопствениците на Манчестер сити, компанијата Сити Фудбал Груп.

Се претпоставува дека цената на клубот изнесува четири милиони евра. Челниците на Уфа сметале дека клубот би требало да им биде продаден на Австријците, бидејќи имаат изградена мрежа на академии низ целиот свет и не се потпираат на вложувања во скапи фудбалери.

„Интересно е што челниците на Уфа сакаат да ја прифатат понудата на Ред Бул. Оваа понуда ќе им донесе помалку пари, но има повеќе потенцијал“, пишува „Спорт-Експрес“.

Австрискиот милијардер Дитрих Матешиц (75) е ко-сопственик и сопственик на 49 отсто од акциите на компанијата за енергетски пијалаци. Матешиц поседува три клуба: РБ Салцбург, РБ Лајпциг и РБ Њујорк. Исто така е сопственик на Ф1 тимот Ред Бул Рејсинг и тркачката патека Ред Бул Ринг.

Scroll to Top